• сабота, 23 ноември 2024

Стартува проектот за дигитализација на лозарството и модернизација на техниките за производство на грозје

Стартува проектот за дигитализација на лозарството и модернизација на техниките за производство на грозје

Скопје, 2 март 2023 (МИА) - Винарската визба „Тиквеш“ и италијанската компанија „Перлев“ денеска со почеток во 12 часот во просториите на М6 Едукативниот центар, ќе го одбележат почетокот на проектот за воведување дигитализација во лозарството и модернизација на техниките за производство на грозје.

Како што информираат од „Тиквеш“, двете компании ќе го спроведуваат проектот со поддршка на Европската банка за обнова и развој.

На настанот обраќање ќе имаат Џовани Бигот, италијански агроном, истражувач и експерт за органско лозарство, творец на иновативниот метод за мерење на квалитативниот потенцијал на лозовите насади – Бигот индекс и Александра Ристова, раководител на Одделот за управување со лозови насади во „Тиквеш“. сх/сп/

Остани поврзан