• сабота, 23 ноември 2024

Стартува програмата „Имам став“ на Парламентарниот институт

Стартува програмата „Имам став“ на Парламентарниот институт
Скопје, 1 март 2021 (МИА) - Парламентарниот институт, како посебна организациона единица во рамките на Собранието, ја реализира програмата „Имам Став“ со цел едуцирање на младите за работата на Парламентот. Заинтересираните млади за оваа програма може да се пријавуваат на parl.inst@sobranie.mk или на телефонскиот број 02/31 82 227. „Имам Став“, како што информираат од Парламентарниот институт, преставува симулација на законодавниот процес, законодавната постапка, парламентарната дебата и процесот на тоа како еден предлог станува закон. - Младите кои ќе се пријават да учестуваат на програмата на Парламентарниот институт „Имам став“, најпрво ќе се подготвуваат на часовите во училиштата, а потоа пријавените ќе продолжат со едукација во Собранието, каде ќе се реализира симултана пленарна седница, на која ќе се расправа и ќе се одлучува, врз основа на понудени решенија во Собранието. На крајот од програмата, учесниците во „Имам став“, ќе имаат можност да ја разгледуват и зградата на Собранието, со тоа што ќе ги запознаат и функциите на објектот низ времето, како и за просториите каде работат и одлучуваат пратениците, посочуваат од Парламентарниот институт. Оттаму наведуваат дека младите играат значајна улога во креирањето на политиките во државата и придонесуваат за развојот на демократската свест и култура. - Модерните демократии имаат обврска да промовираат култура на отвореност преку доближување на процесот на работа до младата популација, разјаснувајќи ја улогата на пратениците во Собранието и објаснувајќи ги процедурите на неговата работа, потенцираат од Парламентарниот институт. фф/сп/

Остани поврзан