• петок, 23 август 2024

Стартува новата сезона во Ла Лига

Стартува новата сезона во Ла Лига


Мадрид, 15. август 2024 (МИА) – Новата сезона во најсилното шпанско фудбалско натпреварување Ла Лига започнува вечерва со дуелот од 19 часот меѓу Атлетик Билбао и Хетафе.
Билбао минатата сезона заврши на петтото место и го освои Купот на Шпанија, со што обезбеди пласман во групната фаза од Лигата на Европа, додека Хетафе беше 12-ти на табелата.
Во вториот натпревар од првото коло, Реал Бетис од 21:30 часот ѝ гостува на Жирона, едно од изненадувањата во минатогодишната сезона, откако со третото место обезбеди директен пласман во Лигата на шампионите.
Ла Лига продолжува в петок, кога на програмата се дуелите меѓу Селта Виго и Алавес (19 часот) и Лас Палмас и Севиља (21:30 часот).
Осасуна и Леганес ќе ги отворат саботните натпревари од 19 часот, а по нив е големото дерби меѓу Валенсија и Барселона од 21:30 часот.
В недела Реал Сосиедад од 19 часот го пречекува Рајо Ваљекано, а мадридски Реал од 21;30 часот ја почнува одбраната на титула на гостински терен против Мајорка.
Воведното коло ќе биде комплетирано в понеделник со пресметките меѓу Ваљадолид – Еспањол (19 часот) и Виљареал – Атлетико Мадрид (21:30 часот). ег

Остани поврзан