• петок, 05 декември 2025

Стартува меѓународниот ракометен турнир „Струга 2025“

Стартува меѓународниот ракометен турнир „Струга 2025“

Струга, 13.август 2025 (МИА) - Со натпреварот на локалните ривали домаќинот Струга и Охрид попладнево стартува годинашново издание на ракометниот турнир „Струга 2025“. Почетокот на натпреварот е во 18:30 часот, а веднаш потоа следува и свеченото отворање на турнирот.

Во вечерниот термин од 20:40 часот е дуелот меѓу Бутел и екипата на Раднички Крагујевац. 

На турнирот настапуваат шест екипи, кои се поделени во две групи. Во групата А настапуваат: Струга, Охрид и Бурса од Турција, додека во Б групата играат: Бутел, Тиквеш и Раднички.

Турнирот годинава го има 53.то издание, а се игра на отвореното игралиште на „Горан Попоски - Бабец“.

Финалето е закажано за сабота (16.август) со почеток во 20:40 часот.  мн/

Фото: Фејсбук Турнир Струга

Остани поврзан