• понеделник, 23 декември 2024

Стартува акцијата Лето со „Лице в лице“

Стартува акцијата Лето со „Лице в лице“
Скопје, 6 јули 2022 (МИА) – Почнувајќи од денеска продавачите на списанието за одржлив развој, „Лице в лице“, на својата публика ѝ нудат две списанија по цена од едно. Како што соопштуваат оттаму, акцијата „Лето со Лице в лице“ е дел од одбележувањето на 10-годишнината на Платформата за одржлив развој „Лице в лице“, во чии рамки излегува и уличното списание кое го продаваат ранливите сограѓани. - Повикот е до сите наши поддржувачи, да се приклучат во зајакнувањето на продавачите и на мисијата на „Лице в лице“. Создадовме повеќе можности за тоа, и тие не се исклучуваат една со друга. Веруваме дека ќе уживате во безвременските содржини, а „Лице в лице“ со оваа акција ќе може уште еднаш да го потврди и својот статус на „задолжителна лектира“, велат од тимот на „Лице в лице“. Додаваат дека „Лице в лице“има содржини кои летото на граѓаните може да го направат поисполнето, и да поттикнат на несекојдневни иницијативи. - Дали знаете дека можете да возите електричен велосипед на Шара, и да јавате коњ? Може да ги видите фантастичните водопади кај Кривошија, или да ја искачите Бислимската клисура? Летната мобилна акција има токму таква цел - да доближи „Лице в лице“ содржини кои потсетуваат на потенцијалите на нашиот туризам, но и на потребата и важноста од одржливото живеење, вели тимот. За поддржувачите на „Лице в лице“, останува и опцијата за годишна претплата на дигиталната платформа.свс/лв/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан