• сабота, 18 јануари 2025

Стартуваше вештачкиот мрест на ендемичниот вид охридска пастрмка

Стартуваше вештачкиот мрест на ендемичниот вид охридска пастрмка

Охрид, 17 јануари 2025 (МИА) – Државниот инспекторат за земјоделство денеска го означи почетокот на вештачкиот мрест на Охридската пастрмка.

Само денеска се изловени 63 полово зрели единки, од кои се измолзени, оплодени и инкубирани 70 илјади полово зрели зрна икри.

Заловените полово зрели единки ендемичен вид охридска пастрмка по измолзувањето се вратени во Охридското Езеро.

Активностите, како што посочуваат од Инспекторатот, се реализирани во соработка со Хидробиолошкиот завод од Охрид, со финансиска поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Од ДИЗ информираат дека нивните инспектори и понатаму ќе ги следат и поддржуваат процесите за подобрување на состојбата со рибниот фонд, особено на ендемичните видови каква што е охридската пастрмка. аб/цр

Фото: ДИЗЖЗ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан