Стартуваа натпреварите кај кошаркарките
- Со вечерашните три натпревари стартуваше Sparkase Life Прва лига жени
Скопје, 20.октомври 2025 (МИА) – Со вечерашните три натпревари стартуваше Sparkase Life Прва лига жени. Во неизвесна завршница во Кавадарци, Бадел успеа да стигне до првата победа совладувајќи ја екипата домаќин Пробаскет со 87:83.
Убедлива победа оствари кандидатот за врвот на табелата Крива Паланка. Домашната екипа го совлда тимот на Патриот со 103:44. Во тек е натпреварот меѓу Вардар и Спорт Тим.
Последниот дуел од стартното коло се игра во среда (СРЦ Кале) меѓу МЗТ Бела Вода и првакот Баскет Кам. Натпреварите поради локалните избори беа одложени и не се играа во деновите од викендот. мн/
Фото: КФСМ