Стартна победа на Ѓорческа
- Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победа го почна настапот на ИТФ турнирот од серијата 50 во Порто, откако денеска ја победи Швајцарката Илена Ин-Албион со 2-0 во сетови, за 76 минути игра.
Порто, 3 февруари 2026 (МИА) – Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победа го почна настапот на ИТФ турнирот од серијата 50 во Порто, откако денеска ја победи Швајцарката Илена Ин-Албион со 2-0 во сетови, за 76 минути игра.
Во првиот сет, македонската тенисерка направи два брејка во шестиот и во осмиот гем и првиот сет го доби со 6:2 во гемови. Вториот сет имаше поинаков тек, а ривалката направи брејк во третиот гем и поведе со 2:1, но Ѓорческа потоа имаше серија од четири освоени гема за водство од 5:2 и сетот го доби со 6:3.
Во следното коло на турнирот во Порто што се игра за награден фонд од 40.000 долари, Ѓорческа ќе игра против Германката Настасја Шунк, која со 2-0 во сетови (6-2, 6-1) ја совлада Португалката Миља Секуеира. Дуелот е на програмата в четврток.ег
ФОТО: МТФ