• петок, 05 декември 2025

Стартен пораз за кадетите во дуелот со Кипар на ЕП Б дивизија во Скопје

Стартен пораз за кадетите во дуелот со Кипар на ЕП Б дивизија во Скопје

Скопје, 7.август 2025 (МИА) - Кадетската кошаркарска репрезентација на Северна Македонија со пораз го почна настапот на Европското првенство Б дивизија што се игра во Скопје. Поуспешни од нашите кадети (играчи до 16 години) беа врсниците од Кипар кои славеа победа со 82:76.

Резултат по четвртини: 13:19; 19:17; 19:17 и 31:23.

Слабата завршница и пред се слабата игра во одбраната во последната четвртина беа причината за поразот на нашите млади кошаркари. Противникот во последната четвртина постигна 31 поен, а притоа по водството на Северна Македонија од 70:60 (на 4:13 до крајот) противникот погоди шест „тројки“ и уште четири „слободни“. Во тој период македонските кошаркари постигнаа само шест поени. 

Најефикасен кај Северна Македонија беше Лука Чучанов со 18 поени и 16 скокови.

Севрна Македонија утре за противик ја има репрезентацијата на Ирска.  мн/  

Фото: Фејсбук Кошаркарска федерација на Северна Македонија

Остани поврзан