• понеделник, 16 декември 2024

Стармер ја потврди посветеноста за зголемување на трошоците за одбрана на 2,5 отсто од БДП

Стармер ја потврди посветеноста за зголемување на трошоците за одбрана на 2,5 отсто од БДП

Лондон, 9 јули 2024 (МИА) – Британскиот премиер Кир Стармер денеска изјави дека останува посветен на зголемување на трошоците за одбрана на 2,5 отсто од БДП и тоа ќе го направи во рамките на фискалните правила на британската влада по ревизијата на стратегијата за одбрана.

- Јас сум посветен на зголемување до 2,5 отсто во рамките на нашите фискални правила, но стратешката ревизија треба да биде на прво место, рече Стармер.

Лабуристите, предводени од Стармер, планираат да спроведат ревизија на одбранбените способности на Велика Британија.

Стармер, кој стана премиер минатата недела откако неговата Лабуристичка партија убедливо победи на изборите, ги коментираше трошоците непосредно пред да замине за Вашингтон на самитот на НАТО. јт/

Фото: Х

Остани поврзан