Стармер: Британија мора да ја порази растечката омраза кон Евреите
- Подмолен поединец изврши терористички напад, изјави британскиот премиер Кир Стармер по итниот состанок на комитетот Кобра во Даунинг стрит.
Лондон, 2 октомври 2025 (МИА) – Подмолен поединец изврши терористички напад, изјави британскиот премиер Кир Стармер по итниот состанок на комитетот Кобра во Даунинг стрит.
Тој рече дека поединецот „ги нападна Евреите затоа што се Евреи и ја нападна Британија поради нашите вредности“.
- На секоја еврејска личност во оваа земја исто така сакам да ѝ кажам: Знам колку страв носите во себе, навистина знам. И затоа, во името на нашата земја, изразувам солидарност, но и тага што сè уште мора да живеете со тие стравови. Никој не треба да го прави тоа. Никој. И затоа ви ветувам дека ќе направам сè што е во моја моќ за да ви ја гарантирам безбедноста што ја заслужувате, почнувајќи со поевидентно полициско присуство кое ќе ја штити вашата заедница. Ви ветувам дека во наредните денови ќе видите една поинаква Британија, Британија на сочувство, пристојност и љубов, рече Стармер.
Тој истакна дека ова не е нова омраза, туку онаа што „повторно расте“ и Британија мора „повторно да ја порази“.
Кобра е кратенка за Cabinet Office Briefing Room A (COBRA). Целта на Кобра е донесување одлуки на највисоко ниво во услови на вонредна ситуација.
Полицијата во Манчестер претходно соопшти дека најмалку две лица се убиени во напад со автомобил и нож во близина на синагога во градот, и оти „уште тројца граѓани се сè уште во сериозна состојба“. јт/
Фото: МИА архива