Старите дотраени семафори во Велес кои еден месец не работат треба да се заменат со нови
- Единствените семафори во Велес на раскрсницата пред Општина Велес не работат веќе еден месец, а на што секојднево реагираат возачите и пешаците. Од Општина Велес, како што информира деновиве градоначалникот Марко Колев, тие се поставени пред 20-тина години,с поред стара технологија и за нив нема делови и затоа не можат веќе да се поправаат, туку мора да се заменат со нови.
Велес,17 јули 2025 (МИА) – Единствените семафори во Велес на раскрсницата пред Општина Велес не работат веќе еден месец, на што секојднево реагираат возачите и пешаците.
Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев деновиве информира дека семафорите се поставени пред 20-тина години, според стара технологија и дека за нив нема делови и затоа не можат веќе да се поправаат, туку мора да се заменат со нови.
Од Кабинетот на градоначалникот, посочија дека во предлог измените на Програмата за ребаланс на буџетот предвидени се средства за набавка на нови семафори. Точката е ставена на дневен ред на претстојната седница на Советот на Општина Велес, која е закажана за понеделник 21 јули. ад/дма/
Фото:МИА