• сабота, 23 ноември 2024

Стапи на сила забраната за риболов во Гостиварско

Стапи на сила забраната за риболов во Гостиварско
Гостивар, 1 октомври 2022 (МИА) - Од денеска стапува на сила забраната за риболов во водите на поширокото гостиварско подрачје. Концесионерите на риболовните ревири и подрачја потсетуваат дека до февруари спортскиот риболов ќе биде ограничен. Од Спортското риболовно друштво „Баш Вардар“ ги информираат членовите и љубителите на риболовот по водотеците низ Полог дека ловењето риби ќе биде забрането до почетокот на наредната сезона. - Се надеваме дека ќе наидеме на разбирање како кај нашите членови така и кај сите спортски риболовци да ја почитуваат забраната на подрачјето со кое стопанисуваме. Контролите ќе бидат засилени и без исклучок ќе се спроведуваат законските обврски, спортисти и обожаватели на спортскиот риболов, наведуваат од „Баш Вардар“ Од денеска па до 2 февруари забранет е и спортскиот риболов по долината на Радика и нејзините притоки. Од националниот парк „Маврово“ информираат дека на Мавровско Езеро спортскиот риболов ќе биде дозволен секој ден до 31 октомври, за сите видови риби освен за пастрмка, која е во период на природен мрест. згм/вј/

Остани поврзан