• понеделник, 23 декември 2024

Стапи на должност петтата техничка Влада на Бугарија

Стапи на должност петтата техничка Влада на Бугарија

Софија, 3 февруари 2023 (МИА) - Бугарската техничка Влада денеска положи заклетва пред претседателот на државата Румен Радев, која треба да служи на државата до одржување на предвремени парламентарни избори и назначување редовна влада.

-Пред шест месеци ја презедовте одговорноста за државата во тешко време, прогнозите предвидуваа многу негативни сценарија за економијата, рече Румен Радев на официјалната церемонија на која ги презентираше задачите и приоритетите на преодната влада. - Успеавте да го запрете „слободниот пад“ на државата, им се обрати Радев на владините министри.

Преодната влада стапува на должност денеска со указ издаден од шефот на државата на 2 февруари, пренесува БТА. 

Радев истакна дека главна задача на Владата е подготовка на фер и транспарентни избори. Но, тоа се искомплицира поради измените во Изборниот законик. - Верувам дека ќе направите се за да не се искриви гласот на бугарските граѓани, рече шефот на државата.

Преодната Влада ќе ја предводи Галаб Донев. - До вчера бевме 100-та влада на Бугарија, од денеска сме 101-та и причината за ова е само една - 48-то Народно собрание не успеа да избере редовна влада поддржана од стабилно парламентарно мнозинство, истакна Донев.

Бугарскиот претседател вчера издаде указ за именување на преодна влада од 3 февруари, предводена од премиерот Галаб Донев. Единствена промена во составот е министерот за култура - Најден Тодоров ја презема функцијата од проф. Велислав Минеков. ссм/

Остани поврзан