• среда, 27 ноември 2024

Станковиќ: За само еден месец, Владата со ребалансот на буџетот успеа да се консолидира

Станковиќ: За само еден месец, Владата со ребалансот на буџетот успеа да се консолидира

Скопје, 31 јули 2024

По три дена општа расправа, денеска сме во третиот ден амандманска расправа за ребалансот на буџетот. Сакаме во оваа прилика да ги потсетиме граѓаните на Македонија дека Владата на СДСМ и ДУИ остави буџетски дефицит од 71% за само 6 месеци. И покрај вака огромниот буџетски дефицит сепак имаме многу скромна 28 процентна реализација на капиталните инвестиции.

Владата на Република Македонија со предложениот нов ребаланс врши вистинско препородување во овој сектор односно влегува во сериозни нови инвестиции. Тие сериозни нови инвестиции се следниве

1.100 милиони евра се предвидени за општините.
2. 760 милиони денари се предвидени за нови локални патишта.
3. 77% е зголемена ставката во буџетот која што предвидува нови инвестиции во делот на железничката инфраструктура, во апсолутен износ се работи за 1,7 милијарди денари.
4. Воедно мораме да напоменеме дека над 50% се зголемува буџетската ставка која што предвидува изградба на нова водоводна и канализациона мрежа во општините во Република Македонија.

Сето ова и дополнително, Владата со овој ребаланс предвидува враќање во милионски износи на доспеаните долгови кои што ги имаат претпријатијата како што се Македонски железници, како што е претпријатието за државни патишта. Воедно, во ребалансот на буџетот се предвидуваат и плати за вработените во Македонски патишта, меѓутоа и плати за вработените во Македонски железници и плати за вработените во пошти.
 
За само еден месец, Владата на Република Македонија со овој ребаланс успеа да се консолидира. Знаме дека времето е кратко меѓутоа кон крајот на оваа година ќе биде предложен нов буџет, буџет за 2025 година, во кој ќе бидат содржани најголемиот дел од проектите кои што беа ветени во предизборието.

Интегрален текст од изјава за медиуми – Малиша Станковиќ,

пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА Архива

Остани поврзан