• понеделник, 23 декември 2024

Сталоне со критика за новиот филм за „Роки“, откако веќе не глуми во него

Сталоне со критика за новиот филм за „Роки“, откако веќе не глуми во него

Лос Анџелес, 8 ноември 2022 (МИА) - Силвестер Сталоне, вели, „не е воодушевен од насоката“ на „Крид 3“ (Creed III) - првиот игран филм од серијалот за легендарниот боксер Роки Балбоа во кој славниот глумец воопшто не се појавува. Тој го создаде ликот пред речиси 50 години, а сега, во интервју за „Холивуд репортер“, веќе негодува што нема никаква моќ над франшизата.

- Филмот отиде во многу поинаков правец од тој што јас го замислував. Тоа е поинаква филозофија на Ирвин Винклер и Мајкл Б. Џордан. Им посакувам сѐ најдобро, но јас сум поголем сентименталист... Сакам моите херои да бидат тепани, но не сакам да одат на она темно место. На луѓето им е доста од темнината, изјави Сталоне (76). Откако претходно го критикуваше филмскиот продуцент Ирвин Винклер за барањето авторски права на „Роки“ и „Крид“, акционата ѕвезда го коментираше последниот филм, во режија на Мајкл Б. Џордан. „Крид 3“ ќе биде објавен на 3 март 2023 година.

Сталоне, меѓу другото, претходно истакна дека треба да има поголема контрола врз филмскиот серијал, бидејќи не само што го глумеше култниот Роки, туку тој и го создаде. Имено, Сталоне го напиша првиот филм во 1976 година, а филмот освои три „Оскари“, меѓу кои и оној за најдобар филм. Како занимливост, тој откри дека сцената со мечот во „Роки IV“ за малку ќе го убиела откако работите излегле од контрола при снимањето.  си/сд/

Остани поврзан