• недела, 02 февруари 2025

Став на Кабинетот на претседателот во врска со изјавата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков

Став на Кабинетот на претседателот во врска со изјавата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков

Скопје, 18 март 2022

Во врска со изјавата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, која се однесува на последната одлука за помилување на осудени лица од страна на претседателот Пендаровски и барањето за помилување на осудените во настаните од 27 април, информираме за следново:

Секоја молба за помилување се разгледува поединечно.  

Со делумното ослободување од извршувањето на неиздржаната казна затвор на лицето Абдуљфета Алими, претседателот не донесе одлука за околностите и настаните од 27 април, туку одлука за индивидуалната молба поднесена од Алими.

Претседателот никогаш не одлучувал селективно, така било до сега, така ќе биде и од сега.

Кабинет на преседателот Стево Пендаровски _________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан