• сабота, 29 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Стабилно снабдувањето со јајца на домашниот пазар пред велигденските празници

Стабилно снабдувањето со јајца на домашниот пазар пред велигденските празници

Скопје, 26 март 2025 (МИА) - Во врска со актуелната побарувачка на конзумни јајца во периодот пред Велигден, Групацијата за живинарство при Стопанската комора на Северна Македонија ги информира граѓаните дека македонскиот пазар е стабилен и снабден во доволни количини квалитетни и безбедни конзумни јајца.

Како што информираат денеска од Стопанската комора на Северна Македонија, како традиционален производ кој е дел од Велигденските обичаи, јајцата се достапни во доволни количини во трговските мрежи, пазари и фармерски продавници.

Во просториите на Комората вчера се одржала работна средба помеѓу компаниите од овој сектор, членки на Комората и претставници на ресорното министерство предводени од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

-Најголемите производители и извозници на јајца најавија активна соработка со дистрибутерите и трговците со цел да се задоволи зголемената побарувачка во овој период од годината, а притоа цените да  останат на конкурентно ниво, во согласност со пазарните трендови. Ресорното министерство и надлежните институции ги следат состојбите и се подготвени да преземат мерки доколку се јави потреба од дополнителна стабилизација, велат од Комората.

Оттаму ги потсетуваат потрошувачите да внимаваат при купувањето – да ја проверуваат трајноста и потеклото на јајцата, како и да ги поддржат локалните производители. сст/мд/

Фото МИА архива

 

 

Остани поврзан