Стабилно и потопло време до петок, за викенд дожд и снег на планините
- Утре и во петок во земјава ќе се задржи стабилно и потопло време, со услови за појава на утринска магла по котлините, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Скопје, 14 јануари 2026 (МИА) - Утре и во петок во земјава ќе се задржи стабилно и потопло време, со услови за појава на утринска магла по котлините, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во текот на утрешниот ден минималните температури ќе се движат во интервал од -6 до -1 степен Целзиусов, додека максималните дневни температури ќе бидат од 6 до 13 степени.
Според прогнозата на УХМР, за време на викендот се очекува зголемена облачност и повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планински предели врнежите ќе бидат од снег. Дневните температури повторно ќе бидат во опаѓање. дма/вј/
Фото: МИА архива