• среда, 25 декември 2024

Стабилна епидемиолошката состојба во Куманово

Стабилна епидемиолошката состојба во Куманово
Куманово, 27 мај 2022 (МИА) - Стабилна е епидемиолошката состојба во Куманово. Од тестираните преку „Мој термин“ незначителен е процентот на заболени од коронавирус, информираа денеска од Центарот за јавно здравје Куманово.
- Минатата недела направивме 168 тестови, од кои 50 преку „Мој термин“, 50 за општата болница и останатите се за патување, изјави директорот на Центарот за јавно здравје Куманово, д-р Ариф Љатифи.
Посочи дека само двајца од тестираните преку „Мој термин“ биле позитивни, од болницата само три.
- Минатата недела имавме само пет новозаболени. Епидемиолошката состојба е стабилна, драстично се намалени и тестирањата и бројот на заболени, рече Љатифи.
Тој истакна дека покрај македонски граѓани, брзи антигенски тестови прават странски државјани.
- Граѓаните кои патуваат помалку прават PCR тестови, само 16 имавме минатата недела, а многу повеќе брзи антигенски, појаснува Љатифи.
На почетокот од годината, во Центарот за јавно здравје неделно се тестираа од 600 до 700 граѓани.ам/фф/

Остани поврзан