• четврток, 26 декември 2024

ССМ: Дојде времето вредната работничка рака да стане стисната тупаница во борбата за егзистенција

ССМ: Дојде времето вредната работничка рака да стане стисната тупаница во борбата за егзистенција
Скопје, 2 јануари 2022
Политичарите и пратениците на работниците им ја честитаа новата 2022 година со зголемена минимална плата и плати од 0%, зголемена цена на електрична енергија за 9,48%, зголемена цена на парно греењето за 14,05%...
Дојде времето вредната работничка рака да стане стисната тупаница
Бидејќи никој не се јави, одважи и ја изгласа иницијативата на ССМ за минималната плата на работникот да изнесува 60% од просечната или 18.000ден и усогласување и пораст на сите останати плати на работниците и да важи од 1 јануари 2022 година согласно порастот на сите животни трошоци: цените во продавниците, маркетите, пазарите, стујата, парното и се останато...
Им „заблагодаруваме“ на сите политички партии и ненародните пратеници за се што дозволија и оставија да се зголеми пред Нова година освен минималната плата и сите останати плати на работниците!!!
Ова покажува колку работникот е маргинилизиран и небитен за политичарите и ненародните избраници - пратеници!
Па затоа дојде времето вредната работничка рака да стане стисната тупаница во борбата за егзистенција!
Сојуз на синдикатите на Македонија
________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан