• сабота, 14 декември 2024

ССМ будно ќе ја следи примената на новогодишната кошничка

ССМ будно ќе ја следи примената на новогодишната кошничка

Скопје, 5 декември 2024 (МИА) - Од Сојузот на синдикати на Македонија најавуваат дека будно ќе ја следат примената на новогодишната кошничка што беше промовирана денеска, а со која од 15 декември до 15 јануари ќе бидат намалени над 600 производи. 

Како што посочуваат од ССМ, синдикалната минимална кошничка ќе биде главниот контролен механизам за тоа дали цените навистина се намалени од страна на трговците. 

- Ова од причина што новата Синдикална минимална кошница ќе биде пресметана на 20 декември, а мерката односно акцијата стапува на сила на 15 декември со што ќе знаеме што реално е намалено од основните производи во делот за храна и пијалаци, а на 20 јануари ќе знаеме дали по завршување на мерката на 15 јануари, трговците направиле зголемување на цените со што би се изгубил ефектот од истите. За потсетување, трговците пред стапување на сила на претходните мерки ги намалија платите на вработените во трговијата за 5 проценти согласно што се намали и просечната плата, а поради неоправданото зголемување на цените се зголеми на вредноста на СМК во делот на храна и пијалаци пред стапување на сила на мерката и по завршување на истата повторно имаше зголемување, нагласуваат од ССМ.

Бараат стопанствениците да покажат општествена одговорност, а во спротивно доколку се обидат да го изиграат системот, да се воведат ригорозни казни за непочитувачите.

- Сите мерки кои се носат во интерес на работниците и граѓаните особено во интерес на оние со најниски примања сметаме дека се добредојдени и ги поздравуваме. За Новогодишна кошница, граѓаните ќе можат да се запознаат со производите кои се понудени во Листата од страна на производителите и дистрибутерите преку посебна веб-страна „mojakosnica.mk,,. Групите на производи се сублимираат во Листа на прехранбени производи во опфат од над 675 производи, понудени од вкупно 60 компании и производители и дистрибутери, се наведува во информацијата од ССМ.

Новогодишната кошничка ќе трае еден месец и со неа се очекува намалување на цените на производите за 10 и повеќе проценти. бак/

Фото: ССМ

Остани поврзан