• петок, 05 декември 2025

Српското Министерство за труд издвои дополнителни 1,68 милиони евра за народните кујни во државата

Српското Министерство за труд издвои дополнителни 1,68 милиони евра за народните кујни во државата

Белград, 15 септември 2025 (МИА) - Претставници на српското Министерството за труд и Црвениот крст на Србија потпишаа анекс на договорот за соработка, што обезбедува понатамошна поддршка во работата на народните кујни со 197,5 милиони динари (1,68 милиони евра) за набавка на храна и други неопходни потреби.
Во соопштението се наведува дека парите ќе бидат искористени за непречено функционирање на 77 народни кујни со повеќе од 31.000 корисници низ цела Србија, како и средства за финансирање на работата на Црвениот крст во Бујановац.

„Со потпишувањето на овој договор, испраќаме јасна порака дека никој во Србија нема да биде заборавен и дека државата секогаш ќе биде со своите граѓани, особено кога им е најтешко“, се наведува во соопштението на Министерството.
Народните кујни не се само институција за дистрибуција на храна - тие се симбол на солидарност, заедништво и решителност за изградба на општество кое никого не остава зад себе, се додава во соопштението. зш/

Остани поврзан