• среда, 25 декември 2024

Српскиот мандатар најавува влада во следните две седмици

Српскиот мандатар најавува влада во следните две седмици

Белград, 17 април 2024 (МИА) - Министерот за одбрана и мандатaр за состав на новата српска влада Милош Вучевиќ денеска изјави дека владата ќе се формира во следните две недели. Тој додаде дека завршил со пишувањето на експозето, пренесе Бета.

Во гостувањето на Радио телевизија на Србија (РТС), тој рече дека ќе има „нови лица“ во владата, но дека приоритет во моментов е одбраната на интересите на Србија во Советот на Европа и спречување на донесување Резолуција за геноцидот во Сребреница.

- Промоцијата на Косово во СЕ и резолуцијата за геноцид се поважни од кадровската структура на владата. Сега водиме политичка војна на два фронта. Србија никому не нанесува штета и болка, ги почитуваме сите меѓународни стандарди Она што го видовме во Стразбур е лицемерие, рече Вучевиќ.

Тој рече дека Србија има малку простор за маневрирање, но дека нема да се предаде. ссм/

фото: принтскрин РТС

Остани поврзан