Српската опозиција вечерва ќе одлучува за натамошните чекори
- Грбовиќ рече дека претставниците на листата се обидуваат да се соберат, но дека полицијата го блокирала градот.

Белград, 24 декември 2023 (МИА) - Претставникот на листата „Србија против насилството“, Павле Грбовиќ, изјави дека средбата на опозицијата на која ќе се разгледуваат понатамошните чекори не е почната, но дека е планирана за вечерва.
Грбовиќ рече дека претставниците на листата се обидуваат да се соберат, но дека полицијата го блокирала градот.
- Средбата ќе биде вечерва, очекуваме народ да се собере бидејќи половина град е блокиран, рече Грбовиќ. ссм/
фото: Википедија