• недела, 29 март 2026

Српската Влада го именуваше Даниел Апостоловиќ за главен преговарач за преговорите со ЕУ

Српската Влада го именуваше Даниел Апостоловиќ за главен преговарач за преговорите со ЕУ

Белград, 28 март 2026 (МИА) -  Шефот на Мисијата на Србија во Европската Унија, амбасадорот Даниел Апостоловиќ, е именуван за главен преговарач во преговорите за пристапување на таа држава кон Унијата. 

Досега, Апостоловиќ беше член на тимот за поддршка на преговорите за пристапување на Србија кон ЕУ.

Должноста главен преговарач во преговорите за пристапување на Србија кон ЕУ досега ја извршуваше министерот за европски интеграции  Немања Старовиќ.
Со одлука на Владата на Србија од 26 март, Старовиќ е назначен за член на тимот за поддршка на преговорите за пристапување на Србија кон ЕУ. зш/јт/

Фото: Апостоловиќ на Фејсбук

Остани поврзан