• вторник, 24 декември 2024

Средношколци на пракса во Карпош

Средношколци на пракса во Карпош
Скопје, 24 јуни 2021 (МИА) – Општина Карпош спроведува феријална практика за средношколците од училиштето „Васил Антевски – Дрен“. Со цел стекнување практични вештини, усовршување и конкурентност на пазарот на трудот. Како што информираат од општината, учениците ќе посетуваат пракса во рок од 10 работни денови и распоредени се во секторите за финансиски прашања и правни работи, како и во Одделението за поддршка на работата на Советот. Локалната самоуправа и ова средно стручно училиште склучија и меморандум за соработка, кој овозможува учениците на практичен начин да го видат и работат она што го учеле во текот на учебната година. Тие се запознаваат со подготовката на акти, архивирање на предмети, подготовка на материјали за седници на Совет и слично. Една од задачите и на Локалниот младински совет, кој е во процес на формирање, е да се овозможи поврзување меѓу младите и државните институции, но и приватниот сектор. Нивното вмрежување ќе овозможи младите да стекнат повеќе компетенции, знаења, да бидат финансиски независни и да се придонесе кон намалување на младинската невработеност, информираат од Општина Карпош.свс/са/

Остани поврзан