Средношколците од Крива Паланка организираат „Денови на солидарност“ за семејствата на настраданите од Kочани
- Средношколците од училишната заедница на средното општинско училиште „Ѓорче Петров“, Крива Паланка, утрово поставија кутии за донации за помош на семејствата на настраданите и повредените од трагедијата во Кочани.

Крива Паланка, 21 март 2025 (МИА) - Средношколците од училишната заедница на средното општинско училиште „Ѓорче Петров“, Крива Паланка, утрово поставија кутии за донации за помош на семејствата на настраданите и повредените од трагедијата во Кочани.
Десетина ученици од различни наставни години од денеска до недела, во период од 7.30 до 19 часот ќе бидат на пунктот на плоштадот „Карпошово востание“ пред зградата на Општина Крива Паланка, во знак на сочувство и солидарност со сите погодени од оваа трагедија.
- Ние сме длабоко трогнати од она што се случи, тоа беа наши врсници, млади луѓе со соништа и визии за иднината кои неповратно се изгубија за миг. По неколкуте денови од трагедијата во кои излегувавме во вeчерните часови на мирни собири и палевме свеќи, одлучивме да продолжиме со оваа акција за донации насловена „Денови на солидарност“. Ќе се менуваме по редоследот на училишните смени и овде ќе бидеме вечер до 19 часот, но и утре и задутре, рече Невена Стефановска, ученичка во втора година, медицинска струка , СОУ „Ѓорче Петров“, Крива Паланка.
Младите се емпатични и тажни. Со своите акции, рекоа, само изнаоѓаат начин, да бидат ангажирани за да не ги обзема поголема тага, зашто , како што велат, секој од нив деновиве живее со онаа порака што одекна на мирните собири „Денес тие-утре ние“.ид/са/
Фото: МИА