• четврток, 07 ноември 2024

Средби на пратеникот Талевски во рамките на ИСП во Минхен

Средби на пратеникот Талевски во рамките на ИСП во Минхен

16 ноември 2023 

Во својство на член на Комисијата за амандмански расправи при -Интерпарламентарното Собрание на православието (ИСП), пратеникот Миле Талевски учествуваше во работната посета што делегацијата на ИСП ја оствари на средбите со: Советот на Христијанските заедници на Баварија, со претставниците на организацијата,,пријатели на планината Атос, со претставници на Фондацијата ,,Ханс Шидел, како и средбите во градскиот совет на христијанските заедници на Минхен и нивниот претставник Михаел Џеба.

Во рамките на овие средби претставниците на ИСП се запознаа со функционирањето на христијанските заедници во овој дел на Сојузна Република Германија, Баварија и дадоа силна поддршка од страна на парламентарната организација на ИСП за сите понатамошни активности во рамките на нивното понатамошно опстојување и развој. Генералниот секретар на ИСП Максимос Каракопулос кој воедно и ја предводеше делегацијата ја нагласи важноста на овие средби со цел од блиску да се запознае делегацијата на ИСП со сите тековни активности и предизвици кои ги имаат христијанските заедници овде во Баварија.

Во рамките на оваа посета беше остварена и средба на делегацијата на ИСП во Покраинскиот Баварски парламент и средба со потпретседателот на парламентот Тобиас Реис. На средбата од страна на потпретседателот Реис беше поздравена делегацијата и пред се нејзиниот интерес и парламентарна поддршка за унапредување и ширење на христијанските вредности ширум светот. Во својство на член на делегацијата на ИСП пратеникот Миле Талевски до потпретседателот на Баварскиот парламент упати поздрав од името на Собранието на Република Северна Македонија и изрази уверување дека во наредниот период ќе имаме можност поблиску да соработуваме со Покраинскиот Баварски Парламент.

Оваа посета на Минхен, заврши со презентацијата и изложбата на делото ,, Аја Софија-Црквите на божјата мудрост ширум светот“, на германски јазик што се одржа во Културниот центар,, Екумен ПатриЈарх Вартоломеј“ при Грчката православна црква во Минхен, каде што имаше голема заинтересираност и присуство на голем број луѓе.

На крајот на оваа посета на Минхен, генералниот секретар на ИСП Максимос Каракопулос се заблагодари за присуството и поддршката на пратеникот Талевски на овие средби и изрази надеж дека наредниот месец на следната презентација на делото,,Аја Софија-црквите на божјата мудрост ширум светот“ на македонски јазик, која треба да се одржи во нашата земја, Република Северна Македонија, ќе биде од големо значење за културното наследство за нашата земја како и за православието воопшто.

 

Собрание на Република Северна Македонија 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан