• сабота, 23 ноември 2024

Средби на министерот Мисајловски со францускиот и со косовскиот амбасадор, Баумгартнер и Ќехаја

Средби на министерот Мисајловски со францускиот и со косовскиот амбасадор, Баумгартнер и Ќехаја

Скопје, 17 јули 2024 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска остварил
средби со амбасадорот на Француската Република, Сирил Бомгартнер и со косовскиот амбасадор, Флоријан Ќехаја. 

Како што соопштија од МО, на средбата со амбасадорот Бомгартнер во фокусот на разговорот било сојузништвото во рамки на НАТО, заедничкиот придонес кон целокупната политичка и безбедносна стабилност на регионот и обезбедувањето на одбранбениот Буџет согласно заклучоците на НАТО.

- Остануваме посветени на продлабочување на сојузничката одбранбена соработка со Франција која е наш сојузник и долгогодишен партнер, пред се во доменот на стратешки консултации во одбраната, затоа што модернизацијата и опремувањето на Армијата е наш највисок приоритет, рекол министерот Мисајловски.

Францускиот амбасадор Бомгартнер истакнал дека одлична билатерална одбранбена соработка во одбраната, военото образование и јазична обука ќе продолжи и понатаму и ја потенцирал француската поддршка за членство на нашата земја во Европската Унија.

На средбата министерот Мисајловски го информирал амбасадорот Бомгартнер за актуелната кризна состојба во однос на повеќето од 30 активни пожари и за помошта која доаѓа од соседните земји.

Регионалната стабилност, интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија и унапредување на добрососедските односи, биле темите на разговор на денешната средба меѓу министерот за одбрана Владо Мисајловски и амбасадорот на Косово, Флоријан Ќехаја.

Амбасадорот Ќехаја на средбата упатил благодарност за досегашната билатерална
соработка помеѓу двете земји. цр/вд

Фото: Министерство за одбрана

Остани поврзан