Средби на Гаши во МАНУ: Активно вклучување на Академијата во стратешките процеси на развој на државата
- -На средбата се разговараше за значењето на поактивното вклучување на Академијата во стратешките процеси на развој на државата, особено во креирањето политики и во обезбедувањето стручна поддршка при институционалното одлучување, соопшти собраниската прес-служба.
Скопје, 19 февруари 2026 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска одржал работна средба во Македонската академија на науките и уметностите, со претседателот Живко Попов, како и со други претставници на Академијата.
-На средбата се разговараше за значењето на поактивното вклучување на Академијата во стратешките процеси на развој на државата, особено во креирањето политики и во обезбедувањето стручна поддршка при институционалното одлучување, соопшти собраниската прес-служба.
Претседателот Гаши информирал за вчерашната одлука усвоена на седница, со која е овластен, како претседател на Собранието, да склучи поединечен колективен договор со претседателот на синдикалната организација на Академијата.
Гаши изразил и подготвеност за поддршка на сите иницијативи што ја зајакнуваат улогата на науката и уметноста во развојот на државата, додаваат од собраниската прес-служба. нд/вг/
Фото: Собрание