• среда, 27 ноември 2024

Средба Сиљановска Давкова - австралискиот амбасадор: Одлични политички односи и продлабочување на економската соработка

Средба Сиљановска Давкова - австралискиот амбасадор: Одлични политички односи и продлабочување на економската соработка

Скопје, 3 јули 2024 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова и амбасадорот на Австралија Даниел Емери, на денешната средба во вилата Водно, разговарале за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, кои, како што оцениле, се пријателски и следната година ќе се одбележат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи.

- Претседателката Сиљановска Давкова ја изрази посветеноста од македонска страна за натамошно проширување на соработката на различни полиња и изрази очекување дека Австралија ќе продолжи да биде наш партнер и сојузник во остварувањето на стратешките цели и аспирации. Во таа насока, претседателката Сиљановска Давкова го реафирмираше интересот од македонска страна за отворање на резидентна амбасада на Австралија во Скопје, информираат од нејзиниот кабинет.

Како важна врска меѓу двете држави била посочена бројната македонска заедница во Австралија, која дава важен придонес во општествениот живот на таа држава и придонесува за австралискиот економски развој.

- Претседателката Сиљановска Давкова на средбата истакна дека нивото на економска соработка не ги рефлектира одличните политички односи меѓу двете пријателски земји и дека постои огромен неискористен потенцијал во насока на развој на економската соработка и зголемување на трговската размена, соопштија од кабинетот на Сиљановска Давкова. ир/ац/

Фото: Кабинет на претседателката

Остани поврзан