• понеделник, 23 декември 2024

Средба на Столтенберг со турскиот министер за одбрана

Средба на Столтенберг со турскиот министер за одбрана
Чанаккале, 4 ноември 2022 (МИА) – Министерот за одбрана на Турција, Хулуси Акар денеска се сретна со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг јави агенцијата Анадолија. Акар и Столтенберг се состанаа по посетата на Споменикот на загинатите борци и на полуостровот Галиполе. Анадолија дознава дека на состанокот е разговарано за регионалната одбрана и безбедност, како и за прашања кои се однесуваат на НАТО, а Акар ги изнел ставовите на Турција. Турскиот министер за одбрана истакнал дека неговата земја ќе продолжи да ги исполнува обврските во НАТО како и досега. Столтенберг нагласи дека Турција е важен сојузник на НАТО и се заблагодари на улогата на земјата во повторното активирање на коридорот за извоз на жито од Украина. Фото: Агенција Анадолија

Остани поврзан