• недела, 01 февруари 2026

Средба на Собраниската делегација во ПС на Медитеранот со претседателот на организацијата, Џулио Чентемеро

Средба на Собраниската делегација во ПС на Медитеранот со претседателот на организацијата, Џулио Чентемеро

Скопје, 28 јануари 2026 (МИА) - Во рамките на Парламентарниот форум на жените на Парламентарното Собрание на Медитеранот (ПСМ), што на 26 - 27 јануари 2026 г. се одржува во Абу Даби, ОАЕ, Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија составена од пратениците Сали Мурати, шеф на делегација; Јована Тренчевска и Дафина Стојаноска, членови, имаше средба со претседателот на ПСМ, Џулио Чентемеро, се вели во соопштението од собраниската прес-служба кое МИА го објавува интегрално. 

Пратеникот Мурати изрази благодарност до претседателот Чентемеро и до ПСМ за напорите на оваа организација за промоција на дијалогот, соработката и толеранцијата не само меѓу членките на оваа организација, туку и во регионот на Западен Балкан и пошироко. 

Тој истакна дека нашата држава ги дели и ги поддржува вредностите кои се засноваат на принципите на дијалог и соработка, како предуслов за напредок на секоја држава и на секој регион. Пратеникот Мурати побара поддршка од ПСМ за евроинтеграцискиот процес на Република Северна Македонија и изрази надеж дека преку соработка, дијалог и позитивен пристап ќе ги надминеме пречките со кои се соочуваме на нашиот интегративен пат. 

Претседателот Чентемеро истакна дека ПС на Медитеранот преку различни форми, фокус групи и трибини на различни прашања, вклучително и безбедносни работи на надминување на предизвиците со кои се соочуваат државите членки. Тој информираше дека ПСМ работи на формирање форум за млади кој ќе ги обедини младинските здруженија на членките на ПСМ со цел да ја промовираат меѓусебната соработка, но и заеднички да работат на отворените прашања со кои се соочуваат младите од земјите во регионот. 

Пратеничката Тренческа ја поздрави оваа идеја и истакна дека има многу прашања во врска со младите кои можат да се опфатат низ заеднички процеси, меѓу кои и преку Форумот на млади. 

Пратеничката Стојаноска оцени дека ова е добра можност да бидат вклучени и младите пратеници од нашето Собрание, кои заедно со пратениците и младите од регионот можат да работат на јакнење на лидерската улога на младите и нивно активно  во креирањето на политиките и на промените. 

Соговорниците се согласија во наредниот период да ја интензивираат комуникацијата преку сите можни форми на соработка, бидејќи само преку дијалог, промоција на заедничките демократски вредности за соработка и толеранција може да се надминат сите отворени прашања и да се обезбеди стабилност и развој.

Фото Прес-служба на Собранието на РСМ 

 

Остани поврзан