• среда, 27 ноември 2024

Средба на претседателот Пендаровски со германската министерка за надворешни работи Баербок

Средба на претседателот Пендаровски со германската министерка за надворешни работи Баербок

Скопје, 23 март 2023 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, министерката за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, партнерството во НАТО, ОН и ОБСЕ, македонските аспирации за членство во Европската Унија, како и за состојбите во поширокиот регион и за уставните промени.

Претседателот Пендаровски оцени дека Германија е еден од најблиски сојузници и најсилни поддржувачи на Северна Македонија на интегративниот пат кон ЕУ, а германските власти веќе три децении, во континуитет, ја демонстрираат посветеноста кон нашата држава и регионот.

Во тој контекст претседателот Пендаровски изрази очекување за натамошна силна поддршка за процесот на пристапување кон Европската Унија. мч/дма/

фото: Кабинет на Претседателот

Остани поврзан