• среда, 25 декември 2024

Средба на претседателот на Собранието Џафери со израелската амбасадорка Франкел

Средба на претседателот на Собранието Џафери со израелската амбасадорка Франкел
Скопје, 7 ноември 2022 (МИА) - Активната соработка меѓу Собранието на Северна Македонија и Кнесетот на Државата Израел се одвива непречено и на ниво на групите за соработка, со што се покажува континуираниот интерес за задржување и негување на блиските релации, констатирале на денешната средба собранискиот спикер Талат Џафери и амбасадорката на Израел во земјава, резидентна во Ерусалим, Симона Франкел. Претседателот на Парламентот Џафери, како што информира неговиот Кабинет, го поздрави активниот ангажман на амбасадорката и одржувањето редовната комуникација со највисоките државни институции во државава и изрази надеж дека таа ќе продолжи и по неодамна спроведените избори во Израел и конституирањето на новиот Кнесет. - Соговорниците разговарааа за војната во Украина, негативните последици по Европа и светот, кризните состојби на мигрантски, енергетски план, недостигот од храна, при што претседателот Џафери ја истакна помошта што нашата земја ја дава на Украина како знак на солидарност со украинскиот народ. На политички план, Собранието беше меѓу првите парламенти од земјите-членки на НАТО кое донесе Декларација со која се осуди повредата на територијалниот суверенитет и интегритет на Украина. Воедно, активно сме вклучени во обезбедувањето помош за потребите на украинските институции и граѓани и целосно се приклучивме на барањата на Европската Унија и НАТО за наметнување санкции на Руската Федерација, а дониравме и воена опрема. На тој план, на Парламентарниот Самит за Кримската платформа, што неодамна се одржа во Загреб, се донесе заедничка декларација со која парламентарните лидери од 32 држави во светот упатија важна порака за единството на земјите – учеснички во поддршката за Украина, со усвојување на конкретни парламентарни одговори, соопшти Кабинетот на Џафери. Тој ја запозна амабсадорката Франкел со неодамна донесените измени на Законот за здруженија и фондации, кои беа едногласно усвоени со гласови и од пратениците од власта и од опозицијата, без ниту еден глас против. Со нив се забранува користење имиња на фашисти или приврзаници на фашизмот на организации кои оригинерно треба да работат на културно соединување на државите. Амбасадорката Франкел информираше дека и Израел се приклучи кон хуманитарната помош на украинскиот народ, а буџетот на Министерството за надворешни работи наменет за меѓународна соработка во целост е пренасочен за овие потреби. -Со големо задоволство го поздрави донесувањето на законските измени, за што внимателно ги следеле случувањата и воопшто не се изненадени од соодветната одлука на Собранието на Северна Македонија. Двајцата соговорници разговараа за актуелната состојба на планот на евроинтеграциите на земјата, отворањето на првата меѓувладина конференција и започнатиот скрининг, при што амбасадорката Франкел ја реафирмираше безусловната поддршка на Израел на нашето пристапување кон ЕУ. Стана збор и за натамошно јакнење на економската соработка, соработка во областа на високата технологија, воено-одбранбениот сектор, телекомуникациите и туризмот, се наведува во соопштението од Кабинетот на Џафери. хс/аа/

Остани поврзан