Средба на претседателот на БДС Колашинац со министерот за надворешни работи на БиХ Конаковиќ
- СООПШТЕНИЕ - Претседателот на Бошњачкиот демократски сојуз Мунир Колашинац и претседателот на Бошњачкиот национален совет на Република Северна Македонија одржаа средба со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина - Елмедин Конаковиќ.
Скопје, 29 ноември 2024
Претседателот на Бошњачкиот демократски сојуз Мунир Колашинац и претседателот на Бошњачкиот национален совет на Република Северна Македонија одржаа средба со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина - Елмедин Конаковиќ.
Во текот на конструктивниот разговор, главна тема беше подобрувањето на статусот на Бошњаците, како во Босна и Херцеговина, така и во регионот. Беа разменети предлози и идеи за начините за зајакнување на политичката, културната и економската позиција на Бошњаците и за создавање услови за подобар живот и еднаквост во сите земји во кои живеат Бошњаците, со акцент на Бошњачкиот народ во Република Северна Македонија.
Оваа средба е уште еден чекор кон остварување на нашите цели и ќе продолжиме да работиме на подобрување на положбата на нашата заедница и на сите потребни иницијативи кои ќе обезбедат подобра иднина за Бошњаците.
Бошњачки демократски сојуз
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: БДС