• среда, 25 декември 2024

Средба на претсеадтелот на Собранието, Гаши со потпретседателот на италијанската Влада и МНР, Тајани

Средба на претсеадтелот на Собранието, Гаши со потпретседателот на италијанската Влада и МНР, Тајани

Скопје, 10 септември 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието Африм Гаши се сретна со потпретседателот на италијанската Влада и министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани, кој допатува во посета на Северна Македонија. 

На средбата, како што информираат од собраниската прес-служба, присуствуваа и пратеници од Собранието на РСМ, членови на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Италија. 

Гаши, се вели во соопштението, се заблагодари за значајната поддршка од Италија во процесот за пристапување во Европската Унија. Тој нагласил дека двете држави неодамна одбележаа 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи и дека нашите релации се традиционално добри и пријателски, со активен политички дијалог и динамична секторска соработка. 

Тајани, како што информираат од собраниската прес-служба,  изразил силна поддршка од Италија за полноправното членство на нашата земја, како и на другите држави од Западен Балкан, во Европската Унија, откако ќе се затворат сите поглавја. Тој рече оти очекува тој процес да заврши што е можно побрзо, нагласувајќи ја притоа важната улога на парламентите.  

Вие како парламентарци, рече шефот на италијанската дипломатија, може да почнете многу иницијативи и да ја искористите својата позиција за вашиот глас да се слушне во другите национални парламенти и пред се во Европскиот парламент, каде што со посебна важност се третира прашањето на проширувањето, како и интеграцијата на земјите од регионот. 

Претседателот Гаши истакна дека Северна Македонија и регионот во целина географскии припаѓа на Европа и дека се надева оти многу брзо и политички ќе стане дел од Европската Унија. Притоа, претседателот на Собранието нагласи дека Северна Македонија, на патот кон остварувањето на своите стратешки цели, покажа голем капацитет за дијалог и за компромиси, што треба да биде пример за другите аспиранти за членство како се надминуваат отворените прашања и как се градат добри меѓусоседски односи. аа/ев/

Фото: Собрание

Остани поврзан