• понеделник, 23 декември 2024

Средба на полициски службеници од СВР Скопје со организаторите и комесарите за безбедност на кошаркарските клубови

Средба на полициски службеници од СВР Скопје со организаторите и комесарите за безбедност на кошаркарските клубови

Скопје, 26 септември 2024

На 25.09.2024 во просториите на Кошаркарската федерација на Северна Македонија се одржа состанок по иницијатива на претставници  од Секторот за внатрешни работи Скопје со организаторите и комесарите за безбедност од 19 кошаркарски клубови со седиште на подрачје на град Скопје.

На средбата беше потенцирана соработката и комуникацијата за доследно спроведување на одредбите од Законот за спречување на насилство на спортски натпревари и заеднички мерки со цел безбедно организирање, одржување и обезбедување на претстојните натпревари кои ги организира Македонската кошаркарка федерација.

Министерство за внатрешни работи

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан