• понеделник, 23 декември 2024

Средба на Пендаровски со претседателот на фондацијата „Фридрих Еберт“, Шулц

Средба на Пендаровски со претседателот на фондацијата „Фридрих Еберт“, Шулц
Скопје, 22 ноември 2022 (МИА) - Севкупните активности на фондацијата „Фридрих Еберт“ во регионот и во земјава, како и актуелните случувања во поширокиот регион, вклучувајќи ја и руската инвазија врз Украина и последиците од неа, беа главни теми на средбата на шефот на државата Стево Пендаровски со претседател на Фондацијата и поранешен прв човек на Европскиот Парламент, Мартин Шулц, кој престојува во Скопје по повод учеството на вториот Социо-еколошки форум. Како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, претседателот Пендаровски го истакна придонесот и поддршката на Фондацијата во повеќе сфери, вклучувајќи ги европските интеграции, унапредувањето на политичкиот дијалог, социјалниот и економскиот развој и поддршката на образовни и младински политики. Тој се заблагодари за поддршката што Фондацијата ја дава на Претседателскиот центар за политичко образование и за реализацијата на Школата за политики, што има за цел промоција на демократските политички вредности, промоција и заштита на човековите права и слободи, политичкиот плурализам, меѓусебната толеранција, заедништвото и солидарноста. сст/сп/

Остани поврзан