Средба на Пендаровски со Бучковски за спорот со Бугарија
- Претседателот на државата Стево Пендаровски на Фејсбук објави дека денеска имал средба со Владо Бучковски кого Владата го назначи за специјален претставник за решавање на проблемот од Бугариј

Скопје, 7 декември 2020 (МИА) - Претседателот на државата Стево Пендаровски на Фејсбук објави дека денеска имал средба со Владо Бучковски кого Владата го назначи за специјален претставник за решавање на проблемот од Бугарија.
- За текот на разговорите за решавање на македонско-бугарскиот спор денеска ме информираше Владо Бучковски, специјалниот претставник на Владата за ова прашање, напиша Пендаровски на фејсбук-профилот. хс/скс/