• понеделник, 16 декември 2024

Средба на министерот Шаќири со учениците кои освоија бронзени медали на Меѓународната олимпијада по хемија

Средба на министерот Шаќири со учениците кои освоија бронзени медали на Меѓународната олимпијада по хемија

Скопје, 30 август 2023 (МИА) - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ги прими учениците кои на 55. Меѓународна олимпијада по хемија освоија бронзени медали.

-Браво Филип Бојаџиновски, Марио Ванчоски и Петар Мирчевски што ги донесовте освоените  бронзени медали во нашата земја. Задоволство ми е секогаш кога имам средба со успешни ученици, но уште посреќен сум кога нивните успеси ја претставуваат нашата земја на меѓународно ниво, објави Шаќири на неговиот фејсбук-профил. 

Меѓународната олимпијада по хемија годинава се одржа во Цирих, Швајцарија, и учествуваа 88 земји.

Шаќири во објавата на Фејсбук порача нивниот успех да биде пример за сите други ученици.

-Филип, Марио и Петар ја ценат поддршката од нивните професори Блаже Димески, Марјана Младеновска-Петровска и Ирена Мишевска. Но поддршка имаа и од универзитетските професори Миха Буклевски, Марина Стефова и Слободка Алексовска, додаде министерот во објавата. хс/цр

Фото: ФБ на министер за образование и наука Јетон Шаќири
 

Остани поврзан