Средба на министерот Тупанчески со црногорската амбасадорка Петровиќ
- Министерот за правда Никола Тупанчески оствари средба со амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ, на која разговараа за билатералните односи на двете држави и реформите во судството.

Скопје, 12 септември 2022 (МИА) - Министерот за правда Никола Тупанчески оствари средба со амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ, на која разговараа за билатералните односи на двете држави и реформите во судството.
-Министерот Тупанчески ја информираше амбасадорката Петровиќ за законодавната агенда, подготовката на нов Кривичен законик. Закон за кривична постпка, Закон за помилување, како и за пакетот закони со кои се зголемуваат платите за 15 отсто во судската и јавнообвинителската дејност, соопшти Министерството за правда.

Амбасадорката Петровиќ, како што се наведува во соопштението, изрази задоволство од досегашниот дијалог на двете држави истакнувајќи дека нема отворени прашања и оти се надева дека соработката ќе продолжи. хс/лв/