• сабота, 23 ноември 2024

Средба на министерот Тошковски со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Средба на министерот Тошковски со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Скопје, 31 октомври 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил работна средба со амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте, на која биел потврдени традиционално добрите пријателски односи и соработка што се одвива на билатерално и мултилатерално ниво.

Соработката меѓу двете полиции, соопштија од МВР, вклучува брза размена на оперативни информации, сознанија во сите области на криминалитетот директно и преку меѓународните канали на ИНТЕРПОЛ, ЕВРОПОЛ и СЕЛЕК.

- На средбата беше разговарано и  за следните активности како организирање и учество на заеднички обуки и тренинзи, застапување на заедничките интереси со цел континуиран процес на унапредување на капацитетот на двете полиции во борба со сите видови криминалитет и транснационалниот организиран криминал, се вели во соопштението.

Амбасадорката Адела Миника Аксинте потенцирала дека Романија ќе продолжи и во иднина да биде лојален поддржувач и пријател на Македонија, особено во евроинтеграцискиот процес. цр/са/

Фото: МВР

Остани поврзан