• четврток, 30 јануари 2025

Средба на министерот Тошковски со амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Џаин

Средба на министерот Тошковски со амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Џаин

Скопје, 29 јануари 2025 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски остварил билатерална средба со амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Џаин, соопштија денеска од МВР.

На средбата се разговарало за интензивната и квалитетна соработка како помеѓу двете земји, така и помеѓу министерствата при што министерот Тошковски упатил благодарност за поддршката на Владата на Кралството на Шведска во континуираното зајакнување на капацитетите на македонската полиција од страна на шведската полиција така и на целиот евроинтегративен процес на нашата земја.

Акцент на средбата бил ставен на можноста за меѓусебно признавање и замена на возачките дозволи меѓу двете земји што за нашите граѓани кои живеат и работат во Шведска би било големо олеснување и намалување на трошоците.

Шведската амбасадорка, се наведува во соопштението, ја поздравила посветеноста на Владата и на министерството во борбата на земјата со криминалот и корупцијата и изрази благодарност до МВР за сите активности во насока на одржување на мирот, стабилноста и безбедноста на земјава.

- Исто така на средбата беше потенцирано знаењето на заедничкиот проект „Шведската поддршка за полициските реформи“ поткрепен со финансиски поддршка на Шведската меѓународна агенција за развојна соработка ,,SIDA” во времетраење од три години, кој претставува уште еден показател за заедничката успешна соработка, се додава во соопштението од МВР. цр/дма/

Фото: МВР

Остани поврзан