• четврток, 26 декември 2024

Средба на министерот Спасовски со швајцарската амбасадорка Вероник Улман

Средба на министерот Спасовски со швајцарската амбасадорка Вероник Улман
Скопје, 9 февруари 2022 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и државната секретарка во МВР, Магдалена Несторовска денеска остварија работна средба со амбасадорката на Швајцарската Конфедерација, Вероник Улман придружувана од  заменик- амбасадорот Лусијан Егертер и националниот програмски офицер Кристина Колозова. На средбата, како што информираат од МВР, амбасадорката Улман изразила задоволство од досегашната одлична соработка меѓу министерствата, но и меѓу двете земји, а било разговарано и за можностите за унапредување и продлабочување во борбата против илегалната миграција и трговијата со луѓе, како и за соработката во различни проекти од значење за Министерството. Спасовски, се вели во соопштението, изразил благодарност до амбасадорката Улман за досегашната поддршка од страна на Швајцарската Влада и за успешната полициска соработка што се спроведува преку меѓународните канали, што резултира во решавање на многу случаи на териториите на двете земји, со надеж дека и во иднина таа ќе продолжи во нагорна линија. аа/бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан