• сабота, 23 ноември 2024

Средба на министерот Спасовски со Рут Стјуарт, нерезидентен амбасадор на Австралија за РС Македонија 

Средба на министерот Спасовски со Рут Стјуарт, нерезидентен амбасадор на Австралија за РС Македонија 
Скопје, 2 јуни 2021 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се сретна со Рут Стјуарт, нерезидентен амбасадор на Австралија за Република  Северна Македонија пред нејзиното официјално  завршување на мандатот во Белград. На средбата, соопштија од МВР, се потенцирала успешната соработка помеѓу Амбасадата на Комонвелтот на Австралија и Министерството за внатрешни работи која особено е олеснета со потпишувањето Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Австралија за соработка во борбата против тероризмот. - Со потпишувањето на Меморандумот се отворија вратите за поконкретна соработка помеѓу безбедносните служби на двете земји во борбата против сите форми на тероризам, како и за интензивирање на соработката во иднина во сите форми на организиран криминал, стои во соопштението од МВР. Министерот Спасовски изразил благодарност врачувајќи и плакета на амбасадорката Рут Стјуарт за досегашната успешна соработка  и континуирана поддршка во модернизирањето на капацитетите на МВР на Република Северна Македонија. цр/са/

Остани поврзан