• понеделник, 16 декември 2024

Средба на министерот Муцунски со државната министерка за Европа и клима го германското МНР, Лирман

Средба на министерот Муцунски со државната министерка за Европа и клима го германското МНР, Лирман

Скопје, 17 септември 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска остварил средба со државната министерка за Европа и клима при Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Ана Лирман.

Како што соопшти Министерството, двајцата соговорници го истакнале задоволството од развојот на одличните билатерални односи, кои се карактеризираат со интензивен политички дијалог и активна размена на посети на високо и највисоко ниво во изминатите години.

Особено била нагласена важноста од зајакнување на меѓусебната соработка во рамките на евроинтегративниот процес на нашата земја, како и континуираната поддршка од Германија на тој пат.

Како што се наведува во соопштението, било изразено и заемно задоволство од придобивките на Берлинскиот процес, во насока на забрзување на евроинтеграциите. Потенцирајќи ја потребата од поголема предвидливост на интегративниот процес, Муцунски потврдил дека нашата земја останува стратешки посветена на забрзување на процесот за пристапување во ЕУ, со фокус на квалитетно спроведување на реформите.

Министерката Лирман го поздравила напредокот во реформските процеси, уверувајќи дека германската поддршка на интегративниот пат на нашата земја ќе продолжи и понатаму и потврдувајќи дека Германија останува сигурен партнер на патот кон Европската Унија, се додава во соопштението. нд/вј/

Фото: МНРНТ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан