Средба на министерот Муцунски со амбасадорот на Република Словенија, Прескер
- Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска остварил средба со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер.
Скопје, 11 декември 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер.
На средбата, соопштија денеска од Министерството, биле потврдени одличните билатерални односи и успешната соработка, заснована на меѓусебна поддршка и почитување, за што, меѓудругото, потврда се и средбите на високо ниво во изминатиот период.
- Соговорниците се осврнаа и на актуелните состојби, како во двете земји, така и во регионот, со посебен фокус врз процесот на интеграција на нашата земја во Европската Унија. Министерот Муцунски упати благодарност за досегашната силна и отворена поддршка на Република Словенија во овој процес, пренесувајќи ги очекувањата дека истата ќе продолжи и во наредниот период, се наведува во соопштението.
На средбата Муцунски и Прескер се согласиле дека Република Словенија останува исклучително важен партнер за развивањето на капацитетите за остварување на нашите надворешно-политички приоритети, како и за спроведувањето на реформите, преку споделување на нивните искуства. цр/бак/
Фото: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија