• петок, 08 ноември 2024

Средба на министерот Муртезани со грчката амбасадорка Филипиду

Средба на министерот Муртезани со грчката амбасадорка Филипиду

Скопје, 23 јули 2024 (МИА) - Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска остварил средба со амбасадорката на Грција во Република Северна Македонија, Софија Филипиду, на која се разговарало за повеќе аспекти од билатералните односи и актуелните политички состојби во регионот.

Како што соопштија од Министерството, акцент на разговорите бил ставен на Планот за раст на ЕК за ЗБ, како и на реформската агенда, кои се важни за поттикнување на реформите и економскиот развој на земјата. Се разговарало и за важноста од континуирана имплементација на Преспанскиот договор од двете страни.

- Муртезани истакна дека Северна Македонија посветено работи на зајакнување на односите со Грција, како НАТО сојузници и европски партнери. Тој го подвлече значењето на добрососедските односи во светло на стабилност и напредок на регионот и истакна дека земјата останува посветена на европскиот пат. Муртезани ја истакна важноста на поддршката на Грција  за нашите евроинтеграции, изразувајќи надеж дека двете страни ќе продолжат активно да работат во остварувањето на целта, членство во Европската Унија, се наведува во соопштението.

Амбасадорката Филипиду ја реафирмирала поддршката за евроинтегративните напори на земјата, потенцирајќи го значењето на билатералната соработка во разни области, особено економските, како и регионалните иницијативи.

Муртезани и Филипиду се согласиле дека продлабочувањето на билатералната соработката, со програмите на Европската Унија кои нудат голем потенцијал за интензивирање на соработката, поврзани со европската интеграција во рамки на TAIEX и Твининг, како и програмите INTERREG – IPA CBC, Транснационалната програма INTERREG Балкан-Медитеран е од суштинска важност како за двете земји, така и за регионот. цр/нд/

Фото: Министерство за европски прашања

Остани поврзан